Дома Фудбал Германија Баерн го избра наследникот на Анчелоти и ги изненади сите

Баерн го избра наследникот на Анчелоти и ги изненади сите

Бившиот тренер на Борусија Дортмунд, Томас Тухел е главен фаворот за наследник на Карло Анчелоти на клупата на Баерн Минхен.

Италијанскиот стратег вчера доби отказ поради катастрофалниот пораз од Пари Сент Жермен во Лигата на шампиони.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Викендов Баерн од клупата против Херта ќе го предводи Вили Сањол, но тоа нема да биде долгорочна опција.

После тоа следи репрезентативна пауза кога Баварците би требало да го именуваат новиот тренер, а тоа најверојатно ќе биде Тухел, кој би можел да дебитира на 14-ти октомври против Фрајбург, пренесува „Билд“.

Тухел е без ангажман од крајот на минатата сезона кога ја напушти Борусија Дортмунд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Винисиус го пофали Алонсо и ја откри разликата во однос на Анчелоти

Фудбалерите на Реал Мадрид рутински ја завршија работата во групната фаза на Клупското све…