Мануел Ноер, голманот на лидерот во Бундес лигата, Баерн Минхен конечно се врати на терените, барем кога во прашање се тренинзите.
Германскиот репрезентативец одработи лесен тренинг со трчање два пати по 10 минути, што покажува дека се уште не е максимално спремен. Ноер поради повредата го пропушти поголемиот дел од сезоната и се уште не е познато кога точно ќе се врати на теренот, но веројатно ќе биде наскоро.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
На Твитер профилот на Баерн Минхен потврдија дека Ноер започнал со лесни тренинзи.
Unser Kapitän ist zurück auf dem Rasen! ??
➡ https://t.co/FyL8yM54Br@Manuel_Neuer #MiaSanMia #FCBayern pic.twitter.com/DUidaohg2n— FC Bayern München (@FCBayern) March 27, 2018
Ова секако се одлични вести и за Јоаким Лев кој според сегашната ситуација ќе може да смета на еден од најдобрите голмани во светот.
Ноер денес го слави и својот роденден, па сега има двојна причина за радост.