Дома Топ вести Баерн без милост, Германците тврдат: Нов репрезентативец пристигнува во Минхен без оштета!

Баерн без милост, Германците тврдат: Нов репрезентативец пристигнува во Минхен без оштета!

Баерн Минхен изгледа заврши уште една работа, според медиумите во Германија нов германски репрезентативец пристигнува во Минхен и тоа без оштета.

Освен Леон Горецка кој на лето сигурно пристигнува во Баерн, уште еден негов соиграч, Макс Мајер би можел да тргне по неговите стапки.

„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев


Имено, како што пренесуваат медиуми во оваа земја баварците се на чекор од договор со фудбалерот кого го сакаа Ливерпул и Арсенал.

Овој фудбалер има 22 години, ги помина сите младински селекции на Германија и собра четири настапи за сениорите.

Мајер игра во средниот ред, а неговото доаѓање веројатно значи и дека Артуро Видал ќе биде продаден, иако Чилеанецот изрази желба  да го продолжи договорот.

Многу зависи и од новиот тренер, се претпоставува дека тоа ќе биде Томас Тухел, а баварците би можеле да ја наполнат касата и со продажбата на Тиаго Алкантара доколу тој сепак остане во клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…