Дома Фудбал Лига на шампиони Баварците: Требаше да победиме со 5:2, па и 7:2

Баварците: Требаше да победиме со 5:2, па и 7:2

Фудбалерите на Баерн Минхен, Никлас Зуле и Џошуа Кимих жалат поради промашените многубројни прилики против Реал Мадрид и порачуваат дека резултатот не е реален.

Реал Мадрид после пресврт славеше во Минхен со головите на Марсело и Марко Асенсио, а за домаќините погоди Кимих. Домаќинот на оваа средба пропушти голем број прилики и тоа може скапо да ги чини.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Никогаш не сум видел вака слаб Реал како ви Минхен, промашивме многу прилики. Можевме да победиме 5:2“, изјави младиот дефанзивец Зуле.
На неговите зборови се надоврза и стрелецот на голот за Баерн.

„Јас би кажал дека реално требаше да победиме со 7:2“, заклучи Кимих.

Реваншот на „Сантијаго Бернабеу“ на програмата е во вторник, секако со почеток во 20:45 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Победи за фаворитите во денешните натпревари во Лигата на шампионите

Вториот ден од програмата на Лигата на шампионите понуди неколку извонредно интересни натп…