Дома Македонски спорт Мак фудбал Бабунски:Нема што да изгубиме, ќе играме со срце за да победиме

Бабунски:Нема што да изгубиме, ќе играме со срце за да победиме

Македонската А репрезентација ги започна подготовките за плејоф натпреварот против Италија за пласман на Светското првенство во Катар.

Повратникот во најдобриот национален тим, Давид Бабунски e оптимист пред историскиот меч и смета дека Македонија има шанси против актуелниот европски шампион.

Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони


„Среќен сум што повторно сум дел од најдобрата македонска репрезентација. Ја имам истата желба и гордост како и првиот пат кога настапив за Македонија. Свесни сме за предизвикот кој ни следува, но оваа репрезентација покажа дека може да се надигрува со најголемите селекции. Ќе излеземе на терен и ќе дадеме се од себе за да победиме. Подготвени сме за ваков предизвик. Нема што да изгубиме, ќе играме со срце за победа“, истакна Бабунски.

Фото: ФФМ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Вакво нешто не се памети во Македонија: РК Вардар спектакуларно го претстави новиот дрес! (Видео)

Ракометниот клуб Вардар ги одбројува последните денови до почетокот на новата сезона, а по…