Дома Македонски спорт Мак ракомет Бабиќ: На добар пат сме ќе дадеме се од себе за продолжување на позитивната низа

Бабиќ: На добар пат сме ќе дадеме се од себе за продолжување на позитивната низа

Минатата недела Еурофарм Пелистер против АЕК во Атина ја забележа првата победа во Европската лига.

Сега пред битолскиот тим е нов предизвик, екипата на Татабања. Хрватскиот стратег на клупата на Е.Пелистер, Жељко Бабиќ најави дека неговиот тим е на добар пат.

Последно коло - кој шампион, кој во ЛШ, кој со награди на Fantasy!? ↓↓↓


„Новиот тренер на Татабања донесе нова енергија во тимот. Тоа може да се види и во нивните победи во последните натпревари. Можеме да очекуваме еден противник кој игра долг напад, трпеливо, кој има силна надворешна линија која долго време игра заедно. Противник кој е цврст во одбрана, кој добро трча, особено по левата страна и пред сè тим со одличен тренер на клупата. Типичен европски тим.

Играчите имаат огромна желба, посветени се, фокусирани и спремни. Во спортот постојат добра форма и моменти во кои исто така работите, но резултатите се различни. За жал кај нас мерило се само резултатите, знам по себе и по другите колеги. Ние сите истоветно работиме, но понекогаш ќе испадне добро, а некогаш не. Задоволни сме и среќни од бодовите освоени на гостински терен, на добар пат сме, имаме добра ситуација и ќе дадеме сè од себе да оствариме победа и да ја продолжиме позитивната низа“, вели Бабиќ.

Фото: РК Еурофарм Пелистер

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Македонија ѝ пресуди на Литванија и ќе игра на ЕП 2026

Ракометната репрезентација на Македонија направи се пласира на Европското првенство (ЕП) в…