Дома Фудбал Италија Ањели: Сите чекаат Пирло да загуби неколку натпревари

Ањели: Сите чекаат Пирло да загуби неколку натпревари

Јувентус ова лето се реши за нов тренер да го именува Андреа Пирло, иако Италијанецот претходно немаше воопшто тренерско искуство.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Пирло после два одиграни натпревари во Серија А има победа и реми, а претседателот Ањели вели дека луѓето се скептични и едвај чекаат неколку порази за да почнат критиките.

„Светот околу нас едвај чека да суди по неколку порази. Тоа што недостасуваше, во случајот со Пирло, е отсуството на подготовки од повисоко ниво во пресрет на новата сезона, како и неговото прво искуство на клупата“, истакна Ањели.

„Штом се соочиме со некоја пречка на патот, сигурно светот ќе сака да му суди на Јувентус поради изборот кој го направи. Меѓутоа ние решивме да постапиме храбро, му го отворивме патот, му дадовме слобода да го креира тимот по свои замисили“, додаде претседателот на „старата дама“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Голем трансфер во Катар, Лацио остана без капитенот

Алесио Ромањоли повеќе не е фудбалер на Лацио. Искусниот италијански стопер одлучи да го н…