Дома Фудбал Италија Ањели: Прашајте во Министерството дали Роналдо го прекршил законот

Ањели: Прашајте во Министерството дали Роналдо го прекршил законот

Кристиано Роналдо во текот на репрезентативната пауза доби позитивен тест на коронавирусот, а веднаш потоа со приватен авион се врати во Торино и неговото враќање беше предмет на расправа.

Италијанските новинари ги интересираше дали Роналдо ги прекршил здравствените протоколи и законот на Италија со тоа што во земјата дојде со позитивен тест.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Министерот за спорт Виченцо Спадафора смета дека Роналдо ги прекршил здравствените протоколи со тоа што заразен влегол во земјата, но и дека протоколот го прекршил со самото напуштање на Португалија.

По овој повод се огласи и претседателот на Јувентус Андреа Ањели.

„За ова прашање треба да го контактирате Министерството за здравство, кризниот штаб и оние кои ги спроведуваат државните закони, од нив побарајте објаснување. Јувентус следи и го спроведува државниот протокол. Јас сум спортски работник и не знам дали Роналдо го прекршил законот“, изјави Ањели.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Онана му подари гол на Плзен, но Јунајтед победи

Манчестер Јунајтед ја забележа својата трета победа во Лига Европа откако направи пресврт …