Претседателот на Јувентус и Асоцијацијата на европски клубови, Андреа Ањели денеска на состанок на УЕФА истакна дека активно се работи на тоа да се направи уште едно европско натпреварување.
Покрај тоа, Италијанецот најави и потенцијални промени во Лигата на Европа.
Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓
„Многу европски клубови сакаат трето европско натпреварување. Нашата цел е да го смениме бројот на учесници во Лигата на Европа на 28 или 32 тима, а да имаме уште едно натпреварување во кои клубовите би можеле да играат.“
„Цел е да се пронајде баланс во спортот кој мора да остане најдобар во светот. Клубовите како Ајакс и Бенфика ја освојуваа Европа во 70. и 80. години, сега е комплицирано таквите клубови да се вратат во европскиот врв, бидејќи постои огромна разлика во однос на шпанските, англиските и германските клубови.“
„Фудбалот е многу еволвиран во изминатава деценија, една третина од заработката во фудбалот доаѓа од 12 најбогати клубови во светот. Знаеме дека фудбалерите не се машини и дека им треба одмор, така да првата точка од нашиот дневен ред ќе биде распоредот на натпреварите во 2020. година.“, смета Ањели.