После неколку дена пауза денес повторно се пишува за Де Лихт и Јувентус.
Утрово „Скај Спорт“ објави дека Јувентус ја испратил првата официјална понуда на адреса на Ајакс. Веста дека Италијанците испратиле понуда не беше изненадување, но беа бројките кои се споменуваа.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Понудата на Јувентус изнесувала 58 милиони евра и тоа 49 веднаш и девет преку бонуси. Ова беше изненадување затоа што констатно околу Де Лихт се споменуваат многу поголеми бројки. Претходно се најавуваше дека ќе се пресели во Јувентус за сума помеѓу 70 и 80 милиони евра.
Секако, таа понуда 49+9 експресно била одбиена од Ајакс.
Најновите информации за ситуацијата помеѓу Ајакс и Јувентус сега ги пренесува медиумот кој е многу близок со Јувентус, а тоа торинскиот „Тутоспорт“.
„Тутоспорт“ објави дека Ајакс за Де Лихт сака понуда со која Италијанците ќе го изедначат светскиот рекорд за стопер – 87 милиони евра. Таа сума ја плати Ливерпул за Вирџил Ван Дајк.
Од друга страна според нивните информации Јувентус е спремен да ја покачи својата понуда, но не до бројката која ја бара Ајакс. „Старата дама“ е спремна да плати 80 милиони евра, меѓутоа по формула 67 веднаш, плус 13 преку бонуси.
Медиумите во Италија истакнуваат оптимизам дека сепак двата клуба се договорат.