Дома Трансфер зона Атлетико ја договори ѕвездата на австриската репрезентација

Атлетико ја договори ѕвездата на австриската репрезентација

Атлетико Мадрид е блиску до комплетирање на трансферот на ѕвездата на Лајпциг и австриски репрезентативец, Марсел Сабицер, пренесуваат шпанските медиуми.

Атлетико Мадрид веќе неколку месеци работи на трансферот на Сабицер, за кого интерес покажуваат уште Ливерпул и Тотенхем.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Новиот извршен директор на Лајпциг потврди дека сегашниот состав ќе претрпи големи измени и дека неколку фудбалери ќе го напуштат клубот.

Фудбалерот сака да ја промени средината, а во договорот ова лето ќе се активира клаузула според која може да биде слободен за 20 милиони евра.

Сабицер одигра добар меч и на стартот на Европското првенство против Македонија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…