Дома Фудбал Атлетико спреми нов договор за Симеоне, но со многу помала плата

Атлетико спреми нов договор за Симеоне, но со многу помала плата

Диего Симеоне постигна договор со Атлетико Мадрид за нов тригодишен договор, објавија шпанските медиуми.

Аргентинецот, кој е на кормилото на тимот од 2011 година, му донесе многу успеси на „јорганџиите“, па клубот сака да го задржи и во наредните три години.

Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


Интересно е што Симеоне се согласил драстично да му биде намалена платата, дури за 45%, со што повеќе нема да биде најплатен тренер на светот.

Симеоне откако седна на клупата буквално го препороди Атлетико освои две титули во Лигата на Европа, како и две титули во Ла Лига, а два пати играше и во финалето на Лигата на шампиони.

Со тоа Аргентинецот си заработи најбогат договор, но сега прифати да остане во клубот за многу помала плата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал Мадрид тврди: Навивач на Барселона ќе го суди „Ел Класико“

Во Реал Мадрид денес обвинуваат дека назначениот судија во Ел Класико, Алехандро Ернандез …