Дома Трансфер зона Атлетико почна преговори со Ван Бисака

Атлетико почна преговори со Ван Бисака

Атлетико Мадрид е заинтересиран за дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Арон Ван-Бисака, пренесуваат шпанските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Новиот менаџер на „црвените ѓаволи“, Тен Хаг нема да смета на Ван Бисака и му порачал да си бара нов клуб, а Атлетико сака да ја искористи таквата ситуација.

Симеоне е во потрага по квалитетен десен бек после заминувањето на Трипие и смета дека Ван Бисака одлично ќе се вклопи во тимот.

Директорот на Атлетико, Андреа Берта веќе имаше првичен разговор со шефовите на Манчестер Јунајтед за можноста за таков трансфер и добил позитивни сигнали.

Сепак, „јорганџиите“ ќе мора да ја победат конкуренцијата бидејќи многу англиски клубови го сакаат Ван Бисака во своите редови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…