Aтлетико Мадрид во летниот преоден рок доведе неколку засилувања.
Секако, најзвучно беше Жоао Феликс кој беше платен 126 милиони евра, а покрај него за мадритскиот клуб потпишаа: Маркос Љоренте, Марио Ермосо, Киеран Трипиер, Фелипе и Ренан Лоди, на нив „јорганџиите“ потрошија 117 милиони евра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Засега Атлетико добро стои на табелата и се наоѓа на 3-тата позиција со само бод заостанување зад лидерот Барселона.
Атлетико многу се мачи со постигнувањето голови оваа сезона и во 13 кола постигна само осум.
И покрај ова клубот донел одлука да нема никакви засилувања во нападот, но и на другите позиции, пренесува „Марка“.
Во Атлетико сметаат дека сите 22 играчи кои ја започнаа сезоната треба и да ја завршат, па поради тоа одлучиле ништо да не менуваатво јануари.