Едисон Кавани понатаму е приоритет за Атлетико Мадрид овој јануари од поодамна во игра е и Тотенхем, но ако преговорите со ПСЖ не бидат успешни Атлетико има план „Б“.
Планот „Б“ на Атлетико се нарекува – Александар Лаказет! Мадритскиот весник „Марка“ инаку добро запознаен со случувањата во двата клуба од шпанската престолнина тврди дека Диего Симеоне и управата на Атлетико спремни се да го понудат Лемар во замена за Лаказет.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Oва потенцијално може да биде одлична зделка за двете страни бидејќи клубовите се во потрага по играчи кои ги покриваат Лаказет и Лемар. Ќе потсетиме, Атлетико со недели е во потрага по играч кој би го заменил повредениот Диего Коста и долгорочно би ја превземал улогата на еден од двајцата напаѓачи во стартниот тим. Додека Лемар би бил засилување за Арсенал на левата странична позиција во нападот, која против Кристал Палас ја покриваше Обамејанг.
Лаказет не е ново има во листата на скаути на Арсенал. Французинот беше интересен и во времето кога ги тресеше мрежите ширум Франција, но тој на крајот избра да се пресели во Арсенал.