Дома Фудбал Атлетико Мадрид го казни Гризман

Атлетико Мадрид го казни Гризман

Францускиот напаѓач Антоан Гризман во наредните денови треба официјално да стане нов фудбалер на Барселона.

Гризман уште пред неколку месеци потврди дека ова лето го напушта Атлетико Мадрид, но Барселона сеуште ја нема активирано откупната клаузула од 120 милиони евра, па „јорганџиите“ порачаа дека го очекуваат Гризман на припремите за новата сезона.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Каталонски „Спорт“ утрово објави дека Гризман вчера не се појавил на првиот тренинг на Атлетико Мадрид и порачал Барселона што побрзо да ја заврши оваа трансфер сага.

Мадридскиот клуб му порачаа дека ќе биде казнет бидејќи се уште е играч на Атлетико, па тоа и го направи.

Атлетико Мадрид денес потврди дека Гризман е казнет со 200,000 евра.

Според правилникот казната која ја доби Гризман е неоправдана бидејќи секој фудбалер има право на 30 дена одмор во текот на летото, а последниот натпревар тој го одигра на 11ти јуни за репрезентацијата на Франција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шпанската фудбалска федерација доби нов претседател

Досегашниот потпретседател на Шпанската фудбалска федерација Педро Роча е избран денеска з…