Шпанскиот шампион Атлетико Мадрид му нуди интересна трампа на Манчестер Сити, пренесуваат шпанските медиуми.
„Јорганџиите“ се спремни да го понудат Саул Нигес, а за возврат да го добијат потписот на Бернардо Силва.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Саул Нигес сака да ја промени средината и побара трансфер од раководството на Атлетико, а интерес за него покажуваат Манчестер Јунајтед и Баерн Минхен.
Атлетико за слободата на Шпанецот бара 60 милиони евра, а во Бернардо Силва гледа идеална замена. Поради тоа му нуди трампа на Манчестер Сити, бидејќи Гвардиола е голем симпатизер на квалитетите на Саул.
Бернардо Силва е спремен да прифати трансфер во Мадрид бидејќи во последно време добива се помала минутажа на „Етихад“, а неговата цена е приближна на 60 милиони евра.