Дома Трансфер зона Атлетико го руши клупскиот рекорд за ОВОЈ напаѓач!

Атлетико го руши клупскиот рекорд за ОВОЈ напаѓач!

Шпанските и француските медиуми тврдат дека напаѓачот на Лион, Александр Лаказет ова лето ќе се пресели во Атлетико Мадрид.

Лаказет сака да ја промени средината, а медиумите тврдат дека ќе пристигна на „Винсенте Калдерон“ како замена за Антоан Гризман кој веќе се договори со Манчестер Јунајтед.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Според пишувањето на „АС“, Лаказет ќе биде најскапата аквизиција во историјата на Атлетико. Трансферот ќе изнесува 50 милиони евра и со додатни бонуси може да достигне до 60 милиони.

За 25-годишниот Французин интерес покажуваат уште Борусија Дортмунд, Милан и Ливерпул, но се чини дека е веќе позната иднината на Лаказет, кој оваа сезона на 41 меч постигна 31 гол.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…