Раководството на Атлетико Мадрид е револтирано од потегот кој го направи Арсенал со активирањето на откупната клаузула на Томас Парти.
„Јорганџиите“ се бесни бидејќи не биле информирани за намерата на Арсенал да ја плати откупната клаузула на играчот. „Топџиите“ ја внесле сумата од 50 милиони евра во канцеларијата на Шпанската фудбалска федерација и со тоа ги заобиколиле преговорите со самиот клуб.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Уште поголем револт создава фактот што сумата била депонирана само 32 минути пред затворање на трансфер пазарот.
Утеха за „јорганџиите“ е што го добија Лукас Тореира на позајмица, а Федерацијата им дозволи и уште еден трансфер во следните 30 дена.