Дома Фудбал Италија Аталанта: Бергамо ова е за тебе!

Аталанта: Бергамо ова е за тебе!

Aталанта вчера на „Местаља“ славеше со 4:3 и со вкупни 8:4 во двомечот со Валенсија се избори за четвртфинале во Лигата на шампионите.

Херој на тимот од Бергамо беше Јосип Иличиќ кој постигна дури четири гола, а после натпреварот тој и соиграчите испратија порака на луѓето во Бергамо.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Бергамо, ова е за тебе! Никогаш не се откажувај“, пишуваше на маицата која членовите на Аталанта ја држеа во раце пред камерите.

Инаку, Бергамо е еден од потешко погодените делови во Италија со коронавирусот, а во целата земја заразени се повеќе од 10.000 лица.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Вознемирувачко видео: Маскирани лица влегоа на терен и убија криминалци!

Светската јавност беше шокирана од ужаснувачката снимка од Еквадор, каде што беше забележа…