Дома Топ вести „Ас“ тврди: Куртоа ја одби понудата од Челзи, Белгиецот има само една желба!

„Ас“ тврди: Куртоа ја одби понудата од Челзи, Белгиецот има само една желба!

Шпански „Ас“ пренесува фантастични вести за сите навивачи на Реал Мадрид, но лошо за фановите на Челзи.

Според „Ас“ Куртоа има голема желба да се врати во Мадрид, но не во редовите на Атлетико каде што настапуваше од 2011 до 2014 година туку во редовите на шампионот на Европа, каде што би го наследил Кејлор Навас.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Главната причина поради која Куртоа инсистира на трансфер во Мадрид е што неговите деца живеат во тој град, токму и поради тоа одбива да потпише нов договор со „сините“.

Неговиот договор со Челзи истекува во летото 2019 година, Челзи сака да го задржи , но Белгиецот е одлучен во својата намера да се врати во престолнината на Шпанија.

Куртоа е шест години член на Челзи од кои три помина на позајмица во Атлетико, а бранеше и за Генк.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…