Дома Фудбал Репрезентации „АС“ го впери прстот кон Меси: Во мај потпиша договор за промоција на Саудиска Арабија!

„АС“ го впери прстот кон Меси: Во мај потпиша договор за промоција на Саудиска Арабија!

Најголемата сензација досега на Светското првенство ја приреди репрезентацијата на Саудиска Арабија која вчера со пресврт славеше против Аргентина.

По овој пораз шпанските медиуми го посочија прстот кон Меси и тврдат дека тој е причината за поразот на Аргентинците.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Ваквата победа не натера да се замислиме како Аргентина изгуби од вториот најефтин тим на Светското првенство и како Аргентина на Меси која важи за најголем фаворит токму сега ја заврши низата од 36 натпревари без пораз. Во сето ова изгледа како Меси да е најголемиот промотер на Саудиска Арабија“.

Тие потсетуваат дека Меси потпишал договор.

„Во мај Меси потпиша договор за промоција на Саудиска Арабија и не може да не се забележи дека оваа земја сака да го добие СП 2030“.

Во текстот на „АС“ се наведува дека Меси добил сериозна сума пари за да го „испере“ лошиот имиџ на земјата.

„Меси доби неверојатна сума на пари за да прави промоција на земјата и да го „испере“ имиџот“, стои во текстот на „АС“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Ретки се оние кои ја одбиваат понудата од Баерн Минхен, а овој играч токму тоа го направи

Летниот трансфер период заврши во речиси сите европски лиги, а сега Фабрицио Романо носи в…