Италијанските медиуми пренесуваат дека играчот на Реал Мадрид, Марко Асенсио е блиску до договор со Милан.
Асенсио не е задоволен од статусот кој го има во тимот, па сериозно размислува да го напушти клубот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Асенсио на лето влегува во последната година од договорот, па Реал исто така е спремен да го продаде, а Милан стапил во контакт со „кралевите“.
„Росонерите“ веќе подолго време преговараат со неговиот агент и последните информации говорат дека Асенсио дал зелено светло за трансфер на „Сан Сиро“.
Милан наскоро ќе добие нови сопственици и нема да биде проблем да му понуди плата од 7 милиони евра по сезона, колку што бара Шпанецот.