Дома Фудбал Англија Артета разочаран по дебаклот: Со ваква игра не заслуживме ништо повеќе

Артета разочаран по дебаклот: Со ваква игра не заслуживме ништо повеќе

Кристал Палас во рамките од 31. коло во Премиер лигата приреди изненадување победувајќи го Арсенал со 3:0. Тимот на Патрик Виера беше убедлив против Арсенал кој се бори за топ 4 и место во ЛШ.

Стратегот на Арсенал, Микел Артета после натпреварот не го криеше своето разочарување.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Воопшто не трчавме посебно во првото полувреме. Доцневме на секој топка, не заслуживме ништо повеќе. Ваквата игра е неприфатлива, како да се предадовме пред време. Пред натпреварот разговаравме и кажавме дека овој натпревар тука можеме да го добиеме само ако дадеме се од себе затоа што противникот е силен физички, на крајот сите видовте како изгледавме“, изјави Артета.

Артета се соочува и со проблеми со повредите затоа што Киеран Тирни би можел да го пропушти преостанатиот дел од сеозната, а се повреди и Томас Парти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Барди со проектил од далечина во убедливиот триумф на Коњаспор (Видео)

Македонскиот репрезентативец Енис Барди го остави својот белег во убедливата победа на Коњ…