Дома Фудбал Англија Артета не попушта: Обамејанг надвор од тимот и овој викенд

Артета не попушта: Обамејанг надвор од тимот и овој викенд

Габонецот Пјер Емерик Обамејанг и во наредниот натпревар ќе биде надвор од тимот на Арсенал.

Тренерот на Арсенал, Микел Артета неодамна одлучи да го исфрли капитенот Обамејанг од тимот затоа што ја нарушил клупската дисциплина. Официјално соопштение поради што Артета ја донесе оваа одлука нема, но се смета дека Габонецот донцнел со враќањето од Франција каде што бил во посета на неговата болна мајка. Меѓутоа во тој период се појавила фотографија на напаѓачот од салот за тетоважи.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Обамејанг не играше против Саутемптон и Вест Хем, а нема да игра ниту овој викенд против Лидс. Капитенската лента му е одземена и таа сега ја носи Александар Лаказет. Според најавите Обамејанг би можел да го напушти Арсенал уште во јануарскиот преоден рок.

На Арсенал без него на теренот добро му оди, едниот натпревар го добија со 3:0, другиот со 2:0.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…