Дома Фудбал Англија Артета го бара „шпионот“: Ќе дознаам кој е и ќе го казнам

Артета го бара „шпионот“: Ќе дознаам кој е и ќе го казнам

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета е незадоволен што судирот на Давид Луиз и Даниел Себаљос стигна до медиумит. Артета истакна дека ќе го казни тој што тој го кажал во јавноста.

Двајцата фудбалери имале судир после еден остар старт на Себаљос. Во лондонскиот тим сакаа тоа да го прикријат, но медиумите сепак дознаа што се случувало.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Не сум задоволен што тоа излезе во јавноста. Ќе дознаам кој е изворот и ќе го казнам, таквото однесување се коси со она што јас го сакам од тимот. Приватноста и довербата се неипходни“, изјави Шпанецот.

Зборуваше и за ситуацијата помеѓу Луиз и Себаљос.

„Ништо не се случи! Тоа е тренинг и такви работи се вообичаени, се беше решено веднаш, не постои никаков проблем“, додаде Артета.

Арсенал во недела ќе го пречека Лидс во деветтото коло од Премиер лигата. После осум рунди клубот од „Емирати“ е на 11. позиција со 12 освоени бодови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…