Дома Трансфер зона Арсенал, Челзи и Ливерпул се борат за потписот на Каиседо

Арсенал, Челзи и Ливерпул се борат за потписот на Каиседо

Три англиски гиганти до последно ќе се борат за играчот за врска на Брајтон, Моисес Каиседо.

Според Фабрицио Романо станува збор за Челзи, Арсенал и Ливерпул кои го сакаат репрезентативецот на Еквадор и преговараат со неговиот агент.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Брајтон ќе одби една понуда од Челзи за која се тврди дека била тешка 55 милиони фунти. Клубот не сака да се раздели со 21-годишниот фудбалер за сума помала од 100 милиони евра.

„Телеграф“ пренесува дека Арсенал спрема понуда од 75 милиони фунти и е спремен да ја добие битката за Еквадорецот.

Ливерпул исто така е силно заинтересиран за Каиседо, но „црвените“ се уште не испратиле понуда.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…