Дома Трансфер зона Арсенал тргнува по напаѓачот на Наполи

Арсенал тргнува по напаѓачот на Наполи

Раководството на Арсенал подготвува понуда за напаѓачот на Наполи, Аркадиуш Милик, пренесува „Репубика“.

Милик има уште една година од договорот, па ова лето најверојатно ќе ја промени средината, а силен интерес за неговиот потпис покажува и Јувентус.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Според медиумите, претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис ја одбил понудата на Јувентус, затоа што не сака да го зајакне конкурентот. Поради тоа Наполи е спремен да понуди попуст на клубовите од Премиер лигата, а Арсенал сака да ја искористи таквата ситуација.

Арсенал ќе прави реконструкција на нападот ова лето и смета дека Милик би бил идеално решение. Меѓутоа, треба да ја победи конкуренцијата бидејќи за Полјакот интерес покажуваат уште Манчестер Јунајтед и Тотенхем.

Во тековната сезона, Милик има одиграно 22 натпревари во сите натпреварувња, на кои постигна 12 голови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал тргнува по дефанзивец на Тотенхем

Реал Мадрид сака да ја засили одбраната во зимскиот преоден рок, а најново име на списокот…