Дома Трансфер зона Арсенал тргнува по играч од 50 милиони евра по „мерка“ на Венгер!?

Арсенал тргнува по играч од 50 милиони евра по „мерка“ на Венгер!?

Според пишувањето на англиските медиуми, „топчиите“ спремаат голем трансфер и тоа по вкус на Арсен Венгер, што значи дека Французинот би можел и да остане на клупата на Арсенал.

Во последно време на големо се пишуваше за заминување на Венгер, Арсенал како единствено натпреварување во кое може да освои трофеј му остана Лигата на Европа и доколку го освои веројатно ќе добие шанса барем до крајот на договорот.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Дека Венгер би можел да остане сведочи и интересот на англискиот клуб за Набил Фекир од Лион, кој е фудбалер по „мерка“ на Арсен Венгер.

Одличниот Фекир важи за еден од најталентираните фудбалери во Европа. Неодамна се соочи со тешка повреда, но сега се врати на терен и повторно игра онака како што се очекуваше. На 34 натпревари оваа сезона Фекир постигна 21 погодок и запиша седум асистенции.

Како што наведуваат англиските медиуми, Арсенал сака овој трансфер да го обезбеди пред Мундијалот каде што Фекир би можел да одигра важна улога, а со тоа и цената да му се зголеми.

Според првите информации клубот од Лондон е спремен да испрати понуда вредна од околу 50 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…