Раководството на Арсенал покажува силен интерес за напаѓачот на Лиос, Муса Дембеле, пренесуваат англиските медиуми.
Се очекува „топџиите“ ова лето да се разделат со Обамејанг и Лаказет, па приоритет на Артета ќе биде доведување на врвен напаѓач.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Лион остана без излез во Европа, па тешко може да ги задржи своите ѕвезди, а интересот за Муса Дембеле е огромен.
Арсенал сака да ја победи конкуренцијата, пред се од Манчестер Јунајтед и веќе стапил во контакт со агентот на играчот, а наскоро ќе испрати понуда.
Дембеле оваа сезона на 42 меча во сите натпреварувања постигна 22 гола, а неговата цена во моментов изнесува 50 милиони фунти.