Дома Трансфер зона Арсенал спреми 50 милиони за ѕвездата на Лил

Арсенал спреми 50 милиони за ѕвездата на Лил

Арсенал е заинтересиран во своите редови да го доведе Џонатан Дејвид пренесуваат медиумите на Островот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Според информациите најголема желба на Артета за засилување на нападот е токму Канаѓанецот и клубот наскоро се очекува да испрати официјална понуда.

21-годишниот напаѓач оваа сезона блеска во дресот на Лил и го привлече вниманието на многу европски гиганти, но Арсенал е спремен да ја победи конкуренцијата.

„Топџиите“ се спремни да платат 50 милиони евра за неговиот потпис, сума која ќе ги задоволи апетитите на Лил.

Примарна цел на Арсенал во летниот преоден рок ќе биде доведување на врвен напаѓач бидејќи Обамејанг замина, а на лето сигурно заминува и Лаказет.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…