Примарна трансфер цел на Арсенал во летниот преоден рок ќе биде доведување на врвен напаѓач.
Арсенал се ослободи од Обамејанг, а исто така и Лаказет ќе замине на крајот на сезоната, па Артета сака да доведе најмалку еден напаѓач.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Нова мета е Алваро Мората, кој игра во Јувентус како позајмен фудбалер од Атлетико Мадрид.
Јувентус после доаѓањето на Влаховиќ најверојатно нема да го откупи Шпанецот, па Арсенал спрема понуда од 30 милиони евра.
Атлетико е спремен да го продаде за таа сума, но „топџиите“ ќе треба да ја победат конкуренцијата.
🔝 Arsenal are set to make a £25 million offer for Álvaro Morata. #AFC #Gooners #Atleti pic.twitter.com/pkkvsaTUma
— Ekrem KONUR (@Ekremkonur) April 22, 2022