Раководството на Арсенал се уште се надева дека Џек Вилшер може да ја прифати понудата и да потпише нов договор со клубот.
Договорот на Вилшер истекува на крајот на сезоната и може да си замине како слободен агент, а инетерс кон него покажуваат голем број на европски клубови.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Меѓутоа, од „Емирати“ се уште се надеваат дека тој ќе ја прифати нивната понуда и ќе го продолжи договорот до 2022 година.
Двете страни преговараат веќе подолго време, а основен проблем е платата бидејќи „топџиите“ му нудат помалку пари од актуелните 110.000 фунти кои ги добива неделно.
Последната понуда од Арсенал е 90.000 фунти неделно и се надеваат дека 26-годишниот плејмејкер ќе ја прифати и ќе остане на „Емирати“.