Тимот на Арсенал е многу блиску до доведување на талентиран бразилски фудбалер кој го носи дресот на Сао Паоло.




Во прашање е 19-годишниот офанзивец Маркињос кој во овој момент важи за еден од најголемите потенцијали во Бразил. Арсенал и во последните има добро искуство со доведување на фудбалери од Бразил, Габриел Мартинели полека станува неизоставен дел од составот на Артета.




Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Маркињос како и Мартинели на „Емирати“ би требало да пристигне за сума од три милиони евра. Сао Паоло не е ниту во можност да бара повеќе затоа што договорот на Бразилецот има важност само уште една година.




Интерес за крилниот фудбалер има и од Реал Мадрид, меѓутоа според последните најави тој ќе продолжи во Арсенал.



