Пјер Емерик Обамејанг се најде во центарот на вниманието откако Микел Артета пред неколку дена го отстрани од првиот тим.
Обамејанг не играше против Саутемптон, а Артета одлучи Габонецот да не биде во конкуренција и за настап за следниот натпревар на Арсенал што ги изненади навивачите. Артета потоа откри дека Обамејанг ги прекршил правилата на лондонскиот клуб, се кулминирало кога во петокот не се појавил на тренингот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„За жал поради дисциплински прекршок Обамејанг нема да биде денес со нас“, изјави Артета пред натпреварот со Саутемптон.
Меѓутоа тоа не е единствената казна за напаѓачот. Лондонскиот клуб одлучи да му ја одземе капитенската лента. Така тој нема да биде во конкуренција и за утрешниот дуел против Вест Хем.
„Очекуваме сите играчи, посебно нашиот капитен да ги почитуваат правилата и стандардите кои ги поставил овој клуб. На Обамејанг ќе му биде одземена капитенската лента и нема да биде во конкуренција за настап против Вест Хем“, порачаа од Арсенал.
An update on Pierre-Emerick Aubameyang
— Arsenal (@Arsenal) December 14, 2021