Дома Актуелно Арсенал и Манчестер Јунајтед во големи проблеми: УЕФА го истражува „бегството“ на Санчез од допинг тестот

Арсенал и Манчестер Јунајтед во големи проблеми: УЕФА го истражува „бегството“ на Санчез од допинг тестот

Шпански Спорт, соопштува дека Алексис Санчез, новата аквизиција на Жозе Мурињо, се најде под истрага на УЕФА и тоа поради допинг тест, односно не обавување на истиот.

Имено, претставниците на УЕФА во понеделникот допатуваа во Лондон, за измеѓу останатото да направат допинг тест.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Меѓутоа, Санчез не дошол на договорената локација, а од Арсенал не ја известиле УЕФА дека Чилеанецот нема да биде во можност на таа локација да даде крв.

За потсетување, Санчез пред неколку дена го комплетираше трансферот од Арсенал во Манчестер Јунајтед, но сега двата клуба ќе мора да и објаснат на УЕФА зошто Чилеанецот го пропуштил тестирањето закажано за в понеделник.

Јунајтед и Арсенал, но и самиот Санчез така се најдоа во проблем, па ќе мора да направат отчет пред претставниците на УЕФА и да го објаснат непојавувањето на некогашниот фудбалер на Барселона на тестирањето.

Ваквите вести сигурно ќе го пореметат Чилеанецот кој се подготвува за своето деби во дресот на новиот клуб. Како што се шпекулира, виновници за проблемот се челниците на Арсенал, бидејќи тие навремено не ја известиле УЕФА.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Актуелно

Проверете

Јамал доживеал непријатност по мечот со Дортмунд – сакал да оди во тоалет, но не му дозволиле!

Синоќа во Лигата на шампионите се сретнаа екипите на Борусија Дортмунд и Барселона, а една…