
Претставници на Арсенал оствариле контакт со Реал Мадрид за евентуален трансфер на Хамес Родригез, пренесуваат англиските медиуми.
Во моментов Хамес игра како позајмен фудбалер во Баерн Минхен, но најверојатно германскиот клуб нема да го откупи неговиот договор на крајот на сезоната.
Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓
Тоа значи дека Колумбиецот ќе се врати во Реал следното лето, но јасно е дека за него нема место на „Сантиаго Бернабеу“.
Арсенал започнал преговори со Реал за трансфер на Хамес следното лето. Меѓутоа, шпанските медиуми тврдат дека „кралевите“ имаат друг план со играчот.
Имено, Реал сака да му го предложи Хамес на Тотенхем како дел од трансферот на Кристиан Ериксен во Мадрид.