Дома Трансфер зона Арсенал доби „корпа“: Одегард се враќа во Мадрид

Арсенал доби „корпа“: Одегард се враќа во Мадрид

Реал Мадрид нема намера да се раздели со Мартин Одегард на перманентна основа.

Младиот играч за врска игра на позајмица во Арсенал, каде се претставува одлично, па „топџиите“ изразија желба да го откупат.

Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


22-годишниот Норвежанец одлично се вклопи во Премиер лигата, а во Реал Мадрид не добиваше голема минутажа.

„Топџиите“ сакаат да го откупат на лето Одегард и веќе стапиле во контакт со Реал Мадрид.

Според „Марка“ Реал Мадрид не сака да се раздели со Одегард и смета дека тој е иднина на „кралскиот“ тим.

Па веќе го известил Арсенал дека на лето сака да го врати Норвежанецот  на „Сантиаго Бернабеу“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал руши рекорди за Салиба

Реал Мадрид е подготвен да направи рекорден договор за централен дефанзивец со ангажирањет…