Арсенал е спремен да го продаде напаѓачот Александар Лаказет на лето, пренесуваат медиумите на Островот.
Французинот на лето ќе влезе во последната година од догогорот, па на „Емирати“ сметаат дека ова е последна шанса да заработат на неговото заминување.
Како започна приказната со Goblin Games - од гаража до бренд! ↓↓↓
Арсенал нема намера да му понуди нов договор и е спремен да ги слушне понудите кои ќе пристигнат за Лаказет.
„На лето ќе одлучиме што ќе правиме. Во моментов нема преговори за нов договор на Лаказет“, потврди Артета.
Најсилен интерес за Французинот покажува Атлетико Мадрид, а „топџиите“ се спремни да го пуштат за сума помешу 25 и 30 милиони евра.