Дома Трансфер зона Арсенал го претстави големото засилување

Арсенал го претстави големото засилување

Арсенал  го потврди ангажманот на шпанскиот репрезентативец, Микел Мерино кој на Емирати пристигнува од Реал Сосиедад.

Арсенал за неговиот потпис ќе плати 32 милиони евра плус бонуси, а актуелниот европски шампион ќе стави потпис на соработка до 2028 година.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Мерино е посакуваното засилување на Артета за средниот ред, а ќе го носи дресот со број 23.

„Микел беше наша голема желба за ова лето, веруваме дека е играч кој може одлично да се вклопи и да ни донесе дополнителен квалитет. Веќе неколку сезони игра на високо ниво, како на клупско така и на репрезентативно и со него сигурно ќе сме посилни“, изјави Артета.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…