Tренерот на Арсенал, Микел Артета не се грижи за можноста да добие отказ иако „топџиите“ го бележат најлошиот почеток во првенството во последните 39 години.
„Кога одлучив да станам тренер се помирив со тоа дека ќе можам да добијам отказ во било кој момент. Отказ еден тренер може да добие и месец дена после потпишувањето на договорот, може да се случи утре или за шест месеци. Никогаш не знаеш и затоа воопшто не размислувам. Моја единствена грижа е да го извлечам максимумот од играчите“, изјави Артета после неделниот пораз од Вулверхемптон.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Артета играчката кариера ја заврши во Арсенал каде што играше од 2011 до 2016 година, а потоа се посвети на тренерската кариера. Три ипол години му беше помошник на Пеп Гвардиола во Манчестер Сити, за 2019 да потшише договор со Арсенал до летото 2023 година.