Според островските медиуми играчот за врска на Севиља, Евер Банега е мета на Арсенал за наредниот преоден рок.
Арсен Венгер си замина, но Арсенал и оваа сезона има проблеми со повредите, посебно во средниот ред.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Поради таквата ситуација Емери изгледа ќе мора да го засилува тој дел од тимот во јануари, а изборот наводно паднал на играчот на Севиља, Евер Банега.
Банега во овој момент има 30 години, во текот на кариерата освен за шпанскиот клуб настапуваше уште за Бока Јунуорс, Валенсија, Атлетико Мадрид и Интер.
За репрезентацијата на Аргентина одигра 65 натпревари и постигна шест погодоци.