Дома Фудбал Останато Арнаутовиќ постигна голчиште во Кина! (ВИДЕО)

Арнаутовиќ постигна голчиште во Кина! (ВИДЕО)

Maрко Арнаутовиќ неодамна во трансфер вреден 25 милиони евра го напушти Вест Хем и премина во кинескиот Шангај ШИПГ.

Арнаутовиќ уште во јануари сакаше да го напушти англискиот клуб, откако Гвангжу испрати понуда од 50 милиони евра, но Вест Хем тогаш не сакаше да го пушти својот напаѓач.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Потоа Арнаутовиќ потпиша нов договор со Вест Хем изгледаше дека ситуацијата е решена, меѓутоа на почетокот на летото повторно побара трансфер и на крајот заврши во Кина.

30 годишниот напаѓач се препороди после доаѓањето во новиот клуб каде што на шест натпревари постигна четири гола.

Денес неговиот Шангаи ШИПГ на свој терен го совлада Тијанџин Теда со 5:1, Арнаутовиќ беше стрелец на вториот гол и тоа со фантастичен удар од 20-тина метри.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Перез чукна на вратата на Арсенал, од Лондон му порачаа: „150 милиони евра и можеш да го имаш“

Реал Мадрид наводно е заинтересиран за еден од најдобрите средни играчи во светот, Деклан …