Легендарниот италијански тренер, Ариго Саки изјави дека за неговиот „ученик“ Карло Анчелоти е најдобро да го напушти Баерн Минхен поради нарушената атмосфера во соблекувалната на гигантот од Минхен.
Саки го советуваше Анчелоти да ја напушти „Алијанц Арената“ во моментите кога своето незадоволство јавно го истекнаа ѕвездите на тимот Роберт Левандовски, Франк Рибери и Томас Милер.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Во овој момент изгледа дека промената за Баерн и Карло би била најдобра опција. Во текот на стареењето се губат страста и желбата, таков е животот. Мислам дека тимот го изгуби ентизијазмот. Анчелоти без сомневање е голем тренер, кој успеал да освои три титули во Лигата на шампионите како тренер? Секаде каде што работеше забележуваше големи успеси“, изјави Саки кој му беше тренер на Анчелоти во Милано.
Како главен кандидат да го наследи Анчелоти во последно време се споменува тренерот на Хофенхајм.