Поранешната ѕвезда на Барселона, Арда Туран повторно е во центарот на вниманието, но поради „инцидентот“ кој го направи со еден новинар.
Имено, фудбалерот на Инстанбул Башакшекир и неговата сопруга Аслихан, вечераа со пријатели во ресторан, а на излезот ги пречекаа новинари кои им поставија неколку прашања за нивната свадба.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Нели мислите дека церемонијата беше премногу скромна?“, праша еден од новинарите, а Аслихан сигнализираше дека не сака да зборува.
„Арда не ви дозволува да зборувате?“, оваа реплика на новинарот го извади играчот од такт.
„Однесувај се со повеќе почит ако не сакаш да ти ја скршам главата“, рече Арда.
После тоа славниот пар влезе во такси и си заминаа.