Дома Фудбал Италија Аргентинско шоу во Милано: Игуаин го реши Интер (видео)

Аргентинско шоу во Милано: Игуаин го реши Интер (видео)

Јувентус го победи со сега перфектниот Интер и тоа на „Џузепе Меаца“ и се врати на врвот на табелата во Серија А.

Возбудлив натпревар одиграа италијанските гиганти, а најрасположени беа аргентинските стрелци. Резултатот го отвори Дибала уште во 5-та минута со прекрасен гол од врвот на шеснаесетникот.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Интер веднаш реагираше, ја презеде иницијативата и доби пенал во 18-та минута, откако Де Лихт играше со рака во казнетиот простор. Сигурен реализатор од белата точка беше Лаутаро Мартинез.

Последните 15 минути од првиот дел му припаднаа на гостите, дури и постигнаа гол преку Роналдо, кој оправдано беше поништен поради офсајд.

Од стартот на вториот дел Јувентус имаше блага иницијатива, а Интер спорадично се закануваше. Моментот на одлука се случи во 80та минута, кога Игуаин го матираше Хандановиќ за конечни 1:2.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Јувентус го сака Санчо, но испратил понижувачка понуда

Санчо наводно се договори со Јувентус, но клубовите уште не го постигнале потребниот догов…