Дома Фудбал Репрезентации Аргентина поради заканите кон Меси го откажа натпреварот против Израел

Аргентина поради заканите кон Меси го откажа натпреварот против Израел

Aргентина во сабота требаше да одигра пријателски натпревар против селекцијата на Израел на гостински терен во Ерусалим, но оваа средба нема да се одигра.

Имено, „Гаучосите“ одлучија да не патуваат во Ерусалим на натпреварот против Израел. Ваквата одлука ја донела аргентинската влада.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Ваквата одлука е донесена после проценката дека фудбалерите на Аргентина не би биле максимално безбедни. Претходно смртни закани добиваше првата ѕвезда на репрезентацијата, Лионел Меси и уште неколку фудбалери.

„Одржавме состанок и заклучивме дека нема потреба Аргентина да гостува во Израел каде што нема да се чуствуваме безбедно. Можеме само да кажеме дека нашата држава прави максимални напори да живее во мир со своите соседи“, стои во соопштението од Министерството за надворешни работи на Аргентина.

Натпреварот против Израел требаше да биде дел од подготвките на Аргентина за Мундијалот во Русија кој започнува 14 јуни.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Вo Арсенал се обиделе да ангажираат играч од Баерн Минхен на крајот од јануари

Лидерот во Премиер лигата, Арсенал, направил изненадувачки потег и се обидел да го привлеч…