Дома Фудбал Репрезентации Аргентина без Икарди на Мундијалот?

Аргентина без Икарди на Мундијалот?

Според последните информации изгледа дека на Мундијалот наредното лето нема да го гледаме еден од најдобрите фудбалери во Европа оваа сезона.

Како што споменавме, според најновите информации од Аргентина, Мауро Икарди нема да биде во конкуренција за составот на Аргентина за наредното Светско првенство.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


Хорхе Сампаоли наводно веќе донел одлука Икарди да не патува во Русија. Причина секако е преголемата конкуренција.

Овој 25 годишен фудбалер не игра често за репрезентацијата на Аргентина, само четири пати го облече дресот на националниот тим, а до сега не успеа да се запише во листата на стрелци.

Иначе оваа сезона игра одлично, постигна 18 погодоци во Серија А на 22 натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Фудбалер на Слога Добој му ја скршил ногата на Матеј Цветаноски!

Македонскиот фудбалер Матеј Цветаноски на натпреварот меѓу Железничар и Слога Добој во чет…