Дома Македонски спорт Арбреша Реџепи имала контакт со позитивен на ковид-19, оди во изолација!

Арбреша Реџепи имала контакт со позитивен на ковид-19, оди во изолација!

Aрбреша Реџепи беше планирано покрај Дејан Георгиевски да го носи македонското знаме на отварањето на олимписките игри, но тоа нема да се случи.

Имено како што информираат од МОК, Реџепи имала близок контакт со позитивен на Ковид-19 и ќе мора да оди во изолација. Добро е што нејзиниот настап на олимписките игри засега не се доведува во прашање.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


„Арбреша Реџепи заради близок контакт со заразен (позитивен случај) на КОВИД – 19 е во делумна изолација и таа нема да може да присуствува на церемонијата на отварање на игрите.

Со самото тоа Арбреша Реџепи, заради правилата на ИОК, нема да може да го носи македонското знаме на церемонијата на отварањето на Олимписките игри ТОКИО 2020.

Сепак, таа со посебен транспорт обезбеден од страна на МОК оди на тренинг и секако ќе има право да настапи на Олимпискиот џудо турнир на Олимписките игри ТОКИО 2020“, соопштија од МОК.

Инаку Арбреша Реџепи во првото коло на Олимпискиот џудо турнир ќе се бори против Жил Челзи, од Велика Британија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Објавени номинациите за спортист на Македонија за 2024 година

Објавени се номинациите за спортист и спортистка на годината за 2024 година, а во трката з…