Дома Фудбал Останато Анчелоти ја шокираше јавноста со својата најнова одлука

Анчелоти ја шокираше јавноста со својата најнова одлука

Карло Анчелоти изминатата недела заработи отказ во Баерн Минхен, а денес првпат проговори за продолжението на својата кариера.

Иако се шпекулираше најпрво дека би можел во јануари да се пресели во Кина, а потоа и дека има понуда од Арсенал, Милан, односно Вест Хем, Анчелоти во овој момент на сите им ја затвори вратата, барем до лето.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Донесов одлука, ќе одмарам во следните 10 месеци, така што во овој момент не сакам да преземам ниту еден клуб“, истакна Анчелоти по пристигнувањето во Ерусалим на еден хуманитарен меч.

На прашањето зошто дојде до разидување со Баерн Минхен тој одговори:

„Најдобро би било да не зборувам ништо на таа тема“, истакна Анчелоти.

Да потсетиме, слична работа Анчелоти направи кога го напушти Реал Мадрид во 2014. година, тогаш одлучи да направи пауза до следното лето, кога го презема Баерн Минхен.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Анал Слот открива дали Александар Исак ќе дебитира против Атлетико Мадрид!

Фудбалското лето 2025 година ќе остане запаметено по Александар Исак. За неговото незадово…